Овен
Делувате активно на различни страни и умеете да пренесете творечки импулс или креативна енергија на својата околина. Блиц интелигенцијата или способноста за ефикасно прилагодување претставува ваш главен адут на службените средби. Наместо да се надмудрувате со неистомислениците прилагодете го својот стил на изразува во однос на утврдените правила и високите професионални критеируми. Верувате во своите заводнички способности, но не сакате да се врзувате за минливи вредности Потребно ви е нечие присуство и емотивна наклонетост, како дополнителен поттик за пошироко креативни изразување. Имате необични идеи и важно ви е да ја импресионирате блиската личност во необичен и голем стил.
Бик
Се наоѓате во фаза на креативен подем и важно ви е да го подобрите својот работен или општествен статус. Осмислете добар план и мудро почекајте на завршната фаза во службените преговори. Се се сведува на прецизно планирање и на ефикасна примена на успешните формули. Важно е да имате добра концентрација на службените средби. Емотивната инспирација во вас побудува необични идеи, зрачите со позитивна енергија и умеете да освоите нечие внимание. Во комбинација на изразување на фантазијата и заводничките способности, делувате многу привлечно на своето опкружување. Во согласност со својот емотивен статус или афинитети, изберете и нова љубовна романса.
Близнаци
Се наоѓате во сјајна форма и имате интересни идеи. По испробан рецепт применувате успешни правила во службената-финансиска соработка. Потребен ви е добар поттик или некој кој би ве поддржал во одлучувачки ситуации. Вашата добитна комбинација претставува спој на убави и корисни работи во различни правци. Во односот со саканиот(ата), понекогаш ви недостасува почетен занес или доволно храброст да ги изразите своите емотивни намери. Колебливоста може да ве наведе на погрешен емотивен избор. Љубовните правила се менуваат, дозволено е се она што води кон заедничка среќа и задоволство. Вашиот емотивен профил најчесто ги одредува вашите желби или можности.
Рак
Делувате енергично пред својата околина и се обидувате да ги усогласите различните работни интереси. Важно ви е да го сочувате добриот работен рејтинг, но не се согласувате со нечие дополнително условување. Потребно е да одредите јасна граница помеѓу своите интереси и работните стандарди кои ги наметнува група на соработници. Не сакате премногу да го анализирате својот љубовен живот, не ви се допаѓа кога некој ве попречува или ограничува на избор. Психолошкиот и емотивниот притисок кај вас создава спротивен ефект. Во односот со саканиот(ата) постојат различните потреби и интереси, но важно е да ја надминете љубовната неусогласеност и да остварите нова хармонија.
Лав
Ангажирани сте на различни страни и со будно око ги пратите новите случувања на работната сцена. Потребно е да поставите листа од приоритети во договор со соработниците, како рационално би ги искористиле своето знаење или енергија. Корисни информации можат да ви го олеснат патот до афирмација и работен успех. Важно е да ги пласирате своите идеи на вистинско место, употребете ги своите скриени адути. Поради заедничката среќа, направете се што е потребно за да фасцинирате блиска личност. Нема причина да се откажете од добрите намери, уживајте во ситуациите кои емотивно ве зближуваат.
Девица
Се наоѓате во творечка фаза и заговарате забрзан ритам во своето опкружување. Поради големите амбиции повремено умеете да ги пречекорите основните правила или енергично да ја спроведете својата волја, без претходна консултација со соработниците. Сепак, заострената работна клима ќе ве натера да повлечете нови потези и да ги корегирате своите пропусти. Во љубовниот живот, упорно се обидувате да влезете во нечија „љубовна трага“. Постои личност која ви делува многу предизвикувачки на вашето емотивно расположение, но вие за сега мора да ја трпите. Профилирајте ги своите мисли и чувства, пред да донесете нова одлука.
Вага
Делувате промислено во различни ситуации, важно ви е да придобиете нечие мислење или наклонетост во работните кругови. Информациите со кои располагате не претставуваат сигурни критериуми, но без големи предизвици нема ниту работна афирмација. Важно е правилно да го дозирате својот творечки импулс со заедничките интереси. Склони сте кон чести промени во однесувањето и расположението, ви се чини дека некој индиректно го „контролира“ вашето движење. Посакувате голема емотивна слобода или шанса да ги остварите своите љубовни намери, но случувањата не одат во саканиот правец. Тешко е да го усогласите својот љубовен ритам и афинитети во однос со блиската личност.
Шкорпија
Чувствувате дополнителен прилив на креативна енергија и не можете да се помирите со просечните резултати. Добивате поддршка во своето опкружување и ви импонира сознанието дека соработниците имаат доволно доверба во вашето знаење или професионални способности. Потребно е да преземете соодветна иницијатива, како би ги оствариле своите работни намери. Доколку вашите чувства се наоѓаат пред гласот на разумот, тоа претставува добар предзнак. Направете се што е потребно за да го разубавите својот интимен живот и однос со блиска личност. Потрудете се да делувате занесно и привлечно во различни ситуации. Љубовниот занес побудува нова енергија и некоја скриена сила.
Стрелец
Делувате многу енергично и активно учествувате во различни случувања на работната сцена. Умеете да остварите корисни цели и имате големо влијание на своите соработници. Динамиката на работните случувања наметнува забрзано темпо и бара способност за вешто прилагодување. Важно ви е поголемиот дел од работите да ги држите под строга контрола, како одраз на својот работен стил и престиж. Се наоѓате во фаза на емотивен полет или нова љубовна инспирација. Емотивниот занес кој го чувствувате во вас побудува желба за страстни средби. Зрачите со позитивна енергија, некој побудува флуид и „љубовна искра“ во вашите очи. Доколку сте слободни, ве очекува средба на изненадување или нечиј повик.
Јарец
Имате впечаток дека се наоѓате пред другите и самоуверено ги отфрлате забелешките кои не се по ваша волја. Претераното инсистирање на личните интереси свртува внимание на околината и создава дополнителни проблеми во службената соработка. Потребни ви се сигурни информации и нечие посредување, како дополнителна гаранција за да би ги оствариле своите работни визии. Нема потреба да верувате во среќа која доаѓа неочекувано или без одобрување на вашето семејство. Емотивниот занес понекогаш треба да го контролирате, посветете внимание на нечиј коментари. Наклонети сте кон чести промени во расположението. Ги преувеличувате своите емотивни потреби и често субјективно го оценувате однесувањето на партнерот.
Водолија
Внимателно ја анализирате комплетната ситуација на работната сцена од различни аспекти и ги проценувате своите можности. Важно ви е да дефинирате вистински професионални вредности и да ги остварите своите цели. Посветете внимание на корисните информации. Потребно е да применете различни обрасци на успешното работење, како дополнителна гаранција и психолошка сигурност. Доколку некој ве наведува на слободно емотивно изразување, прифатете. Одговорете на новите емотивни сигнали или на нечија љубовна порака. Се обидувате да предвидете нечија реакција, но спонтаноста во изразувањето на чувствата делува позитивно на вашиот однос со блиска личност. Потпрете се на своите чувства.
Риби
Премногу сте горди за одредени проблеми кои ве попречуваат и на таков начин непотребно ја отежнувате својата работна или општествена положба. Доколку ви е важно да ги сочувате добрите работни врски и рејтинг, прифатете ја можности за компромисно договарање. Постојат утврдени правила кои мора да се испочитуваат во службената соработка, постапете согласно својата совест. Во љубовна перспектива, нема потреба да се залажувате со големи илузии и нечии ветувања. Како и до сега, сигурно е само она што цврсто го „држите во своите раце“. Емотивно се расплинувате или премногу мечтаете за личност која ви е недостапна. Смирете ги своите страсти и прифатете реална слика во љубовниот однос.