Партиите од албанскиот блок повторно се собираат на средба во Собранието.
БЕСА ги бојкотира бидејќи останатите партии се однесуваат нетранспарентно и не ја брифирааат за она што е договорено да биде дел од владината програма, тврдат од партијата.
„Тие не го испочитуваа онаа што се договоривме. Концептот не беше тој кога ја потпишувавме декларацијата, а освен тоа Беса нема информација што од таа платформа е дел од владината програма, а што не. Затоа ние одлучивме да не бидеме дел од таа среба“, посочи Африм Гаши од Беса.
Гаши потенцира и дека целосна енигма е и нацрт-законот за јазиците и дека нема да дадат поддршка без да знаат за какво законско решение станува збор.
Средбата на албанските партии за албанската платформа е на иницијатива на пратеникот Весел Мемеди од НДП.