Поповски и Прибе разговараa за владиниот план за реформи во медиумската сфера

Сподели

Министерот без ресор задолжен за комуникација, отчетност и за транспарентност, Роберт Поповски, денеска имал средба со експертската група на Европската Унија предводена од Рајнхард Прибе, на која било разговарано за мерките и за планот на Владата за реформите во медиумската сфера.

Поповски, како што соопштија од Владата, во елаборацијата на чекорите и на мерките што се преземени од периодот од кога почна работата на новата влада, нагласил дека и понатаму е „задржан принципот на отвореност за сите добри идеи, како и за вклучување на сите релевантни организации и медиуми, за да се постигне најдобро можно решение за медиумските реформи“.

Тој ги информирал членовите на работната група на Прибе, дека со ребалансот на буџетот се обезбедени услови за укинување на радиодифузната такса, како прва мерка за поефикасно финансирање на „Македонската радио-телевизија“.

„Додека е во процес усвојувањето на ребалансот на буџетот во Собранието на Република Македонија, во тек е анализата за најдобро решение за утврдување на висината на стапката од буџетот со која ќе се обезбеди функционално работење на МРТ, како и независноста на јавното радиодифузно претпријатие“, рекол Поповски на средбата со Прибе и со неговиот тим.

meta.mk