Меѓународните сили КФОР ќе останат во Косово, се додека тоа биде потребно, изјави денеска американскиот генерал и командант на силите на НАТО во Европа,Кертис Скапароти, кој од вчера престојува во Белград на средби со претставници на српскиот државен врв посветени на соработка меѓу НАТО и Србија. Тој рече дека евентуална промена на статусот на КФОР ќе зависи од условите на теренот.
„КФОР ќе продолжи со својата мисија на гарант на слободата на движење и обезбедување сигурно опкружување во Косово се додека тоа биде потребно“, нагласи Скапароти.
Тој изјави и дека НАТО е загрижен поради идејата за трансформација на Косовските безбедносни сили во Војска на Косово, без промена на важечкиот косовски Устав.