Џон Ф. Кели стапи на должност во Белата куќа како нов шеф на кабинетот на Трамп

Сподели

Со положување заклетва во Белата куќа поранешниот американски секретар за внатрешна безбедност, Џон Ф. Кели, стапи на функцијата шеф на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).

Американскиот претседател Трамп за време на церемонијата изјави дека не постои ниту најмал сомнеж дека Кели како шеф на кабинетот ќе прави фантастични работи.

Преку социјалната мрежа Твитер, Трамп во петокот соопшти дека на местото шеф на кабинетот наместо Рајнс Прибус, го именува Кели.

Досегашниот шеф на кабинетот на Трамп, Прибус, истакна дека Трамп е оној што изразил желба деловно да се разидат, и дека и тој го прифатил тој потег.

Кели е пензиониран генерал кој од американската армија се пензионираше во јануари минатата година.