Критики на социјалните мрежи за 31-от Меѓународен атлетски мартон Охрид 2017 кој ќе се одржи на 7 септември.
Како што е најавено, на наградите се различни за мажи за жени. Првата награда кај мажите е 800 евра, а кај жените 500 евра, втората 400 евра за мажи и 250 евра за жени, додека кај третото место наградата е 200 евра за мажи и 100 евра за жени. За најдобрите од Македонија (доколку не се во првите 3 места) наградите се – за мажи, прво место 150 евра, второ 100 евра, трето 50, додека за жени од Македонија има награда само за прво место – 50 евра.
Многумина на социјалните мрежи коментираа за дискриминаторскиот однос на организаторот кон жените и побараа истите награди да важат и за мажите и за жените.
На овие критики регираше организаторот:
„За жал скоро секоја година се судираме со тоа прашање зошто наградниот фонд за Меѓународниот Атлетски Маратон не е ист за мажи и жени.Значи не се работи за непочитување на понежниот пол туку за факти кој сметаме дека се реален израз за таквиот став.Наиме како прво во последниве години а и скоро секогаш во минатото учесничките од понежниот пол биле 10 па и помалку од 10% во однос на вкупниот број на учесници така да сметаме дека е многу полесно од 10 учесници да освоиш едно од првите 3 места одколку од 90 и повеќе,а секако и самите припреми се сигурно многу потешки за да се стигне до првите 3 места во машка конкуренција одколку во женска конкуренција.Покрај тоа ретко кога имало повеќе од 2 квалитетни учеснички од странство кој се бореле за првите 3 места додека во машка конкуренција скоро секогаш имало повеќе од 6 учесници кој агитирале на првите 3 места.
Покрај тоа како што знаете сите секоја година кубуриме со финансиите,но секако го имаме и тоа дискреционо право да доколку реално оваа година има доста јака конкуренција кај понежниот пол да собереме сили и да го зголемиме наградниот фонд.
Се надевам дека ја свативте мојата порака и дека ќе се сложите со мене“.
Со Почит,
Председател на Организационен Одбор
Пецо Неданов