Заев утре кодомаќин на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба во Подгорица

Сподели

Премиерот Зоран Заев, заедно со премиерот на Црна Гора, Душко Маровиќ, ќе биде кодомаќин на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба, што ќе се одржи утре во Подгорица, а на кој ќе учествува и потпретседателот на САД, Мајк Пенс.

Делегациите на земјите членки на Јадранската повелба ќе ги предводат премиерите на Албанија, Еди Рама, на Хрватска, Андреј Пленковиќ, на Црна Гора, Душко Марковиќ и на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ. На самитот ќе присуствуваат и делегации на земјите набљудувачи, предводени од нивните премиери, односно Ана Брнабиќ од Србија, Хашим Тачи од Косово и Миро Церар од Словенија.

Во составот на делегацијата на Република Македонија ќе бидат вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, Хазби Лика, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и пратеникот Стево Пендаровски.
Заев на самитот ќе има и билатерални средби со шефовите на делегации и со потпретседателот на САД, Пенс, а потоа ќе учествува на работната сесија на самитот на кој теми ќе бидат „Интеграциски процеси во регионот“ и „Улогата и придонесот на Јадранската повелба кон регионалната и глобалната безбедност“.

meta.mk