ОЈО поднесе обвинителен акт за насилство врз Шеќеринска во Собранието

Сподели

Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против лицето што за време на насилниот упад на граѓани во Собранието на 27. април, за коса ја влечеше сегашната министерка за одбрана, а тогашна пратеничка, Радмила Шекеринска.

За ова кривично дело предвидена е казна затвор во траење од 3 до 10 години.

По завршената истражна постапка, ОЈО поднел обвинителен акт за осомничениот до Основниот суд Скопје 1 – Скопје.