Полицијата ќе проверува како Горан Грујoвски обезбедувал боледувања. Најверојатно преку министерството за здравство, МВР ќе утврдува по кој основ, екс началникот на Петата управа добивал потврда за отсуство од работа, поради болест. Горан Груејoвски поради депресија и анкциозност не се појави ниту на јавната седница во Апелацискиот суд, пренесе Алсат-М.
Тој поднесе жалба со која го бараше одземениот пасош, а неговите адвокати во негово име ветуваа дека тој нема да бега. По Горан Грујoвски и Никола Бошковски кои се обвинети за нелегалното прислушување, полицијата се уште трага. Нив им се губи трага, откако Врховен официјално потврди дека им е потврдена мерката притвор.
МВР ги бара низ цела Македонија, а по нив трага и Интерпол. Засега тие успешно се кријат. Поранешни вработени во полицијата, не ја исклучија можноста Грујoвски и Бошковски при бегството да биле потпомогнати од колеги од тајната полиција.
„Инсталциите, врските, позициите на Грујевски и на неговиот соработник се се уште актуелни. Тие можат да помогнат и секако да понудат соодветна логистика. Од друга страна, сведоци сме дека цела партија или барем врвот на партијата од ВМРО – ДПМНЕ стои зад нив, така да логистика може да се очекува и од нив. Лично сметам сметам дека се се уште во земјава“, рече Восилав Зафировски, поранешен раководител на Скетор за внатрешна контрола во МВР.
Засега од МВР нема официјална потврда дали се истражува можноста, тие да добиле логистичка помош од секторот во УБК, каде Грујевски со години беше шеф. Тој и Бошковски се обвиенти во случаите „Тврдина“ и „Таргет“, преку кои СЈО треба да дојде до одговорот кој нелегално прислушувал со години во земјава.