На вчерашната седница, владата даде согласност за распишување за давање закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 и над 3 хектари.
На седницата на владата се донесоа измени на Предлог програмата за финансиска поддршка во земјоделството како и Програмата за рурален развој со кои се издвоија нови 10 милиони евра директна поддршка за земјоделците.
Пред министрите од Владата на Република Македонија се најде и информацијата за очекувано производство и откуп на пченица и јачмен, за која беа донесени заклучоци со кои се задолжува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да изработи предлог програма за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка на земјоделството во 2017 година и предлог Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за директни плаќања во земјоделството за 2017.