Талат Џафери го потпиша решението за распишување на локалните избори на 15. октомври

Сподели

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, точно напладне го потпиша решението за распишување на локалните избори кои ќе се одржат на 15. октомври.

Џафери апелираше до сите учесници пред и за време на изборите да се однесуваат во согласност со Уставот и со законските одредби, а институциите да обезбедат изборите да протечат во мирна, фер и демократска атмосфера како што заслужуваат, како што рече, почитуваните граѓани на Македонија.

– Ги распишав изборите согласно законската обврска и согласно роковите предвидени од Изборниот законик. Според законските одредби, локалните избори ќе се одржат во недела на 15 октомври 2017 година. Решението за распишување на изборите ќе биде доставено до органот за спроведување на изборите, Државната изборна комисија. Собранието за време на предизборниот период ќе работи, но нема да има пленарни седници за пратениците да можат да се посветат целосно на изборната кампања, но и за да не ги претворат седниците во изборна кампања – изјави Џафери по потпишувањето на решението.