Денеска e краен рок за потпис на Иванов на ребалансот на буџетот

Сподели

Истекува крајниот рок во кој што претседателот Ѓорге Иванов треба да го даде својот потпис за ребалансот на буџетот, кој шести ден е во неговиот Кабинет.

Иванов е на годишен одмор надвор од земјата.

Според процедурата откако претседателот ќе го потпише указот за ребалансот на буџетот, законот излегува во “Службен весник” по што стапува во сила. Законите се објавуваат најдоцна во рок од 7 дена од денот на нивното донесување.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери велат дека доколку Иванов го пропушти рокот, треба на писмено да го извести Собранието за причините зошто не ставил потпис на ребалансот.

Ребалансот на буџет во Собранието беше усвоен минатата недела.