Владата предводена од СДСМ останува на својата цврста определба за спроведување мерки што ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните. Во таа насока, Владата предводена од СДСМ презема иницијатива и ги интензивира активностите за воведување евтина тарифа на струјата секој работен ден, по два часа.
Со тоа ќе се оствари една од клучните мерки од предизборнатата програма на СДСМ и од Програмата на новата Влада и тоа што е ветено наскоро ќе стане реална можност за граѓаните.
Со домаќинско и одговорно работење на државните претпријатија ЕЛЕМ и МЕПСО ќе се обезбедат услови за воведување евтина тарифа, со што мерката нема да наштети никому. Наместо ЕЛЕМ и МЕПСО да трошат милиони евра на ски-центри, фасади и рајски градини, парите ќе се пренасочат кон реалните потреби на граѓаните.
Домаќинствата наскоро ќе можат да ја искористат реалната потреба за евтина тарифа на струјата во текот на денот и за време на викендот. Сите граѓани ќе ги почуствуваат придобивките од оваа мерка што оди во прилог особено на социјално ранливите семејства и граѓани.
Владата предводена од СДСМ продолжува да работи одговорно, транспарентно и во интерес на граѓаните. Предвидените мерки од програмата за која што гласаше мнозинството граѓани се реализираат посветено, отчетно и во интерес на сите граѓани.