Трамп со напад на сенатор од Републиканската партија

Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп го нападна неговиот колега од Републиканската партија, сенаторот Линдзи Грахам кој го нарече законодавец кој бара публицитет. Објавата на Трамп на Твитер се однесуваше на ставот на Грахам околу изјавата на претседателот во врска со насилството и смртта на една жена за време на протесите во Шарлотсвил, Вирџинија.

Грахам порача дека Трамп сугерирал морална еквиваленција меѓу двете страни и го повика наместо тоа да користи зборови за заздравување на американскиот народ. Трамп ги отфрли наводите на Грахам како одвратни лаги.

РСЕ