МИА: Нови членови на управниот и на надзорниот одбор

Сподели

Македонската информативна агенција назначи нови членови на управниот и на надзорниот одбор.

За нови членови на надзорниот одбор се назначени Лилјана Капевска, Александра Мицоска -Митевска, Зоран Иванов како претседател, Татјана Поповска и Ремзије Биљали.

Разрешени од надзорниот одбор на МИА се досегашните членови Слаѓана Здравсковска-Андреевска, Горан Лазов, Жарко Милошевски, Сашо Стефановски, Хамит Хајрулаи.

Нови членови на управниот одбор освен Драган Антоновски како претседател, се назначени Габриела Точко, Маријанчо Танушевски, Шерибан Клокочи, Сања Андреевска.

Од управниот одбор се разрешени Пандорка Арсовска-Гацова, Сања Костовска, Љупчо Јакимовски и Даниела Димитриева.