Велија Рамковски, сопственикот на првата приватна и најпопуларна телевизија А1, која беше насилно затворена, а тој и неговите најблиски соработници добија долгогодишни затворски казни, најавува дека ќе ја обнови телевизијата, бидејќи тоа го очекуваат гледачите, кои уште ја носат во срцата.
Во ексклузивното интервју за утрешен „Слободен печат“, Рамковски открива дека неговите најблиски соработници, кои заедно со него ги минаа македонските гулази Шутка и Идризово, како и храбрите новинари кои се бореа против режимот, ќе имаат 51 отсто од сопствеништвото на телевизијата, додека новинарите ќе имаат со статут загарантирана уредувачка автономија, пренесува Плусинфо.