Првото интервју на Брижит Макрон во “Elle” со рекордна продажба

Сподели

Бројот на списаниетп „Elle“ во кое е објавено првото интервју со првата дама на Франција, Брижит Макрон, стана најпродавано издание на списанието во последните десет години, јавува Anadolu Agency (AA).

Изданието кое излезе на 18. август, е продадено во 530.000 примероци, што претставува рекорд.

Брижит Макрон (64) за првпат даде интервју откако нејзиниот сопруг Емануел Макрон е избран за претседател на Франција.

„Единствената грешка на мојот сопруг е што е помлад од мене“, изјави Брижит Макрон во првото интервју.