Роденденска дружба за пет години „Лице в лице“

Сподели

Роденденска дружба за пет години „Лице в лице“ , МКЦ, 15.септември

Драги пријатели,

Пријателството и љубовта се особено важен сегмент во сечие растење, а „Лице в лице” растеше и се развиваше со Ваша и со поддршка на бројни лица – поддржувачи на неговата мисија.

По повод 5-тиот роденден на списанието, ја имаме честа да ве поканиме на заедничко дружење за да го прославиме растот и промените и да се предизвикаме на нови чекори за уште подобар и поинклузивен свет.

Ве очекуваме во МКЦ Клуб ресторан, на 15-ти септември, во 20 часот, за да одбележиме:

5 години
26 броја
6 градови
1.664 шарени инклузивни страници
100. 000 испечатени примероци
100 продавач(к)и во кецелата на „Лице в лице“, и

Се гледаме,
Срдечно,
Тимот на „Лице в лице”