Засилената „Ирма“ дојде до Флорида

Сподели

Ураганот Ирма доцна синоќа го врати статусот на категорија 5, откако ја погоди Куба, а низ Карибите остави повеќе од 20 мртви. Новата засилена Ирма стигна до јужна Флорида со ветришта со брзина од 257 километри на час, а уште еден ураган се движи блиску зад неа.

Ова е прв пат во последните неколку децении Куба да ја погоди ураган од 5-та категорија. Илјадници луѓе на Карибите се бореле да најдат засолниште или да избегаат од островите.

Гувернерот на Флорида, Рик Скот, ги повика жителите на Јужна Флорида да ги следат наредбите за евакуација. Околу 5,6 милиони луѓе во Флорида беа предупредени да ги напуштат своите домови, како и уште 540 илјади луѓе на брегот на Џорџија. Властите отвориле засолништа за оние кои не заминале.

РСЕ