Перо Антиќ повторно во Црвена Звезда

Сподели

Перо Антиќ по една деценија повотрно ќе го облече дресот на белградска Црвена звезда, потврди клубот на својата официјална интернет-страница.

„Некогашниот играч на Црвена звезда, Перо Антиќ, се враќа во црвено-белиот дрес кога во понеделникот потпиша едногодишен договор со актуелниот шампион на АБА и КЛС-лигата“, стои на почетокот на соопштението.

Антиќ во Црвена звезда доаѓа од Фенербахче со кого минатата сезона ја освои титулата во Евролигата. Тој на новите соиграчи ќе им се приклучи в четврток