Последен ден за поднесување кандидатски листи за локалните избори

Сподели

Денеска на полноќ завршува рокот за поднесување на кандидатските листи за локалните избори. Општинските изборни комисии имаат рок од 48 часа од приемот на листата на кандидати да утврдат дали таа е поднесена во соодветниот рок и дали е составена во согласност со одредбите на изборниот законик.

Најдоцна до 21. септември општинските изборни комисии треба да ги објават листите на кандидати за членови на совет и за градоначалник.

Шестите локални избори се закажани за 15. октомври а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во градот Скопје. Изборната кампања ќе почне на 25 септември на полноќ и ќе заврши на 13 октомври.