Либерално-демократската партија синоќа донесе одлука на наредните локални избори да биде дел од победничката коалиција со СДСМ, коалиција која гарантира враќање на демократијата на локално ниво, расчистување со криминалното рабтоење и конечно, посветување на реалните локални проблеми на граѓаните.
На синоќешната седница, Централниот Одбор на ЛДП го прифати договорот за коалиционен настап на наредните локални избори со Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ).
На истата седница, членовите на Централниот Одбор го исклучија од партијата и од сите партиски тела и органи поранешниот претседател, Андреј Жерновски, поради преминувањето во СДСМ.
На Жерновски, ЦО на ЛДП му посака среќа и успех во натамошната работа, а на СДСМ им посака овој пат да не им се повтори Стевчо Јакимовски.
Членовите на ЦО на седницата го избраа и вториот потпретседател на партијата, Игор Вељаноски, кој досега ги извршуваше функциите на претседател на градската организација на ЛДП и советник во Советот на Општина Кисела Вода.