Северна Кореја лансираше уште една ракета над Јапонија

Сподели

Од Северна Кореја е лансиран нов балистички проектил, кој во 6.57 часот по локално севернокорејско време, полета од локација близу Пјонгјанг. Проектилот прелета над територијата на Јапонија и падна во Тихиот Океан, соопшти Генералштабот на Јужна Кореја.

Јапонскиот јавен сервис НХК објави дека проектилот прелетал над северниот јапонски остров Хокаидо и исчезна во Пацификот околу 2.000 километри источно од Јапонија. Владата на оваа земја соопшти дека нема опасност за луѓето во Јапонија, пренесе Гардијан.

Неодамна објавените сателитски снимки покажуваат зголемена активност во близина на Пунгјери, локација за нуклеарно тестирање во Северна Кореја.

„Таквата активност сугерира дека работите на тоа место се насочуваат кон отворање на нови полигони за идните нуклеарни тестирања“, стои во соопштението на група на научници која што се занимава со безбедносните прашања околу ситуацијата на Корејскиот полуостов.

По новото ракетно тестирање на Северна Кореја, закажана е итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации.