Во полн вагон од лондонската подземна железница утрово се случила експлозија, во која има најмалку 22-ца повредени. Ниту еден не е во животна опасност.
Британската полиција соопшти дека го истражува пожарот и експлозијата во метрото во Лондон како терористички инцидент. Полицијата потврди дека избил пожар во возот на метро станицата Парсонс Грин во југозападниот дел на Лондон. Властите соопштија дека е прерано да се потврди причината за пожарот. Медиуми јавија дека бел контејнер експлодирал на возот.
Првичните извештаи укажуваат дека имало повеќе повредени, вклучувајќи и случаи на луѓе кои имале изгореници на лицето. Новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на изјави на сведоци, јавува дека имало повредени во стампедо на луѓе по експлозијата.
https://youtu.be/Ga9QHXXVj3w