Средба на Ердоган и Трамп на 21 септември

Сподели

Рајмонд Мекмастер, советник за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, изјави дека средбата на американскиот претседател и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, ќе биде одржана на 21 септември, јавува Anadolu Agency (AA).

На конференција за медиуми во Белата куќа, Мекмастер потврди дека Трамп и Ердоган ќе се состанат на 21 септември во Њујорк.

Не изнесуваше детали за темите за кои ќе разговараат двајцата лидери.

Истакна дека истиот ден Трамп ќе се состане и со лидерите на Авганистан и Украина, додека се планирани и средби со челниците на Катар, Палестина, Јордан, Египет, Велика Британија, Јужна Кореја, Јапан и лидерите на афричките земји.

Се осврна и на нападот во Лондон, нагласувајќи дека САД изразуваат солидарност со жителите на Велика Британија.

На прашањето за Северна Кореја, истакна дека тоа е „еден од најургентните и најопасните проблеми во светот”.

„Постојат оние кои велат дека не постои воена операција за да овој проблем биде решен. Воена операција постои, но моментално тоа е опција која не ја сакаме”, рече Мекмастер.