Франција: Воведен аларм од можни напади на железницата

Сподели

Генералната дирекција на националната полиција на Франција ги предупреди властите за можни напади врз возови, јавува Anadolu Agency (AA).

Според веста објавена во францускиот весник Le Parisien (Ле Парисиен), во почетокот на септември, Генералната дирекција на националната полиција до надлежните служби во земјата упатила тајно известување во кое се наведува дека во земјата се можни терористички акции врз возови.

Во дописот се вели дека терористите во последниот период се охрабриле особено во дејствијата како што се излетување на возовите од шините, шумски пожари и труење со храна, при што од властите се бара да бидат претпазливи во врска со ваквиот вид активности.

Министерот за внатрешни работи на Франција, Жерар Колумб, повеќепати во своите изјави нагласи дека е многу висока заканата по безбедноста во земјата.

Безбедноста во Франција, во која продолжува да важи вонредната состојба, воглавно се обезбедува благодарение на операцијата Сентинел.

Операцијата Сентинел започна по нападот во Париз на 7 јануари 2015 година врз седиштето на француското сатирично списание „Шарли Ебдо“ во кој животот го загубија 12 лица. Припадниците на безбедносните сили кои ѝ се приклучија на оваа активност, учествуваат и во операции против извршителите на напади врз безбедносните сили.

Во јавноста постојат обемни дискусии дека операцијата е слаба во спречувањето на терористите.