Одложено судењето на напаѓачот на Радмила Шеќеринска

Сподели

Министерката Радмила Шекеринска и нејзиниот напаѓач Панче Ангелов денеска се соочија во судница, но сепак, судењето за насилството во Собранието од 27 април, за кое одговара Ангелов денеска беше одложено.

Обвинетиот има бранител по службена должност, кој денеска првпат го видел.

Адвокатот Драган Пешевски побара одложување на судењето за да го запознае Ангелов со неговите права, бидејќи обвинетиот е правно неук.

Следното рочиште е закажано за 6 октомври. Шеќеринска, надвор од судот изјави дека без осуда на нарачателите на насилствата, оние кои ги отвориле вратите и кои го организирале крвавиот четврток во Собранието, нема да има правда.