Ракометарите на Вардар и Металург со половичен учинок по 2.коло од Лигата на шампионите.
Македонскиот и актуелен европски првак Вардар ја забележа и втората победа во ЛШ. Во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ Вардар го победи францускиот Нант на Кире Лазаров со 27-23.
Мечот се играше рамноправно во најголемиот дел. Вардар во последните неколку минути ја направи клучната разлика од 4 гола што ја зачува до крајот.
Најефикасен кај Вардар беше Мораеш со 6 гола, додека Кристопанс постигна 5, а Чупиќ и Дибиров придодадоа по четири гола.
Арпад Штербик на голот имаше 12 успешни одбрани.
Може да ве интересира – (Почна распадот на Вардар)
Во францускиот тим тројца ракометари постигнаа по четири гола. Кирил Лазаров не успеа да се запише во листата на стрелците.
Вториот наш претставник во ЛШ, Металург го забележаа и вториот пораз. Избраниците на Лино Червар беа поразени од Бешикташ со 31:27.
Металург само на моменти ја имаше инцијативата, но најчесто играчите на Червар ја бркаа предноста.
Арсиќ имаше скромни 4 одбрани, додека на голот на Бешикташ блескаше Хендави, со 13 интервенции.
Металург следниот натпревар во ЛШ го игра на 30.септември кога во Скопје ќе го пречека Спортинг Лисабон.
фото – rkvardar.mk
Европскиот шампион РК Вардар со пораз ги започна подготовките во Германија (фото)
The post ЛШ: Ракометарите на Вардар со втора победа, Металург со втор пораз во 2.коло appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico