Претседателот на ДУИ, Али Ахмети на митингот во Гази Баба рече дека поддршката со СДСМ ќе биде обострана, каде еден од партнерите нема шанси за победа во некоја од општините.
За градоначалник на Скопје, Ахмети повика да се гласа за кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов а исто така рече дека и СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на ДУИ во градовите со албанско мнозинство.
– Ова ќе придонесе за зајакнување на власта и ќе биде во полза за сите граѓани – рече Ахмети.
Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев исто така најави дека со ДУИ ќе настапат како коалиција во повеќе општини и ќе ги поддржат нивните кандидати кои, како што изјави, се добри и работат во интерес на граѓаните.
– СДСМ ќе има свои кандидати за градоначалници во општините Кондово, Липково, Струга и во други општини каде очекувам и Македонци и Албанци да гласаат за нашите кандидати кои се од албанска етничка припадност – изјави Заев.