Четири години затвор за „кубачот“ на Шеќеринска

Сподели

Панче Ангелов кој ја нападна Радмила Шеќеринска за време на насилствата во Собранието на 27 април, денеска доби четири години казна затвор од скопскиот Кривичен суд.

Ангелов на рочиштето што се одржа минатата недела изјави дека се чувствува виновен за кривичното дело што е наведено во обвинителниот акт.

Шеќеринска на последното рочиште, на 6 октомври, побара одговорност за Ангелов и за организаторите на настаните во Собранието.

За време на насилствата во Собранието Ангелов ја повлече за коса тогашната пратеничка, а сегашна министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, откако беше удрена со метален статив по глава. Во обвинението се наведува дека Ангелов бил во првата група која влегла во Собранието и прво му упатил закани на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а потоа ја нападнал Шеќеринска.

За кривично дело насилство за кое беше осуден е предвидена казна затвор од три до 10 години.