BookStar 2017: “Читај бе, братучед, читај!” – Фестивал на европската литература

Сподели

BookStar 2017 – 3′ Фестивал на европската литература

25.10 -05.11. 2017 МКЦ

И оваа година „BookStar“ ги носи пред македонската публика најдобрите автори од Европа! Од 25 октомври до 5 ноември, под мотото „Читај бе, братучед, читај!“, ќе се обидеме да ја одвратиме книжевноста од маргините на македонската културна сцена, да ги претставиме квалитетните домашни и странски современи писатели што пишуваат за културолошките феномени на нашето време и да ја поврземе книжевноста со другите уметности.
Без патетика, туку со суштина и естетика, ги претставуваме специјално за македонските читатели: генијот на стилот Илја Леонард Фајфер, саркастичната писателка Јела Кречич Жижек, двајцата скандинавски мајстори на трилерите Хокан Несер и Јуси Адлер-Олсен, како и Македонците Снежана Стојчевска и Игор Станојоски. Како дополнително изненадување ви нудиме и: антологија на бунтовната поезија од европски автори, книжевна трибина, саем на европски книги, проекции на филмови од Милчо Манчевски и журка со ПМГ Колектив.
И оваа година влезот на сите фестивалски настани е бесплатен, а вратите се отворени за сите читатели, сапиосексуалци и оние што се чувствуваат така.
Влезете во светот на фикцијата и со детективска прецизност влезете во филмот во кој вие ќе ја имате главната улога. Дизајнот на официјалниот фестивалски постер и на другите промотивни материјали е на Игор Делов.