МВР апелира до политичките партии и нивните симпатизери да ги почитуваат изборните правила, да се
воздржуваат од какви било нарушувања на јавниот ред и мир, бидејќи секакво однесување спротивно на законите МВР нема да го толерира.
МВР ќе превземе се што е потребно граѓаните непречено и мирно да го искористат своето уставно право на слободно изјаснување на својата политичка волја.
Од МВР потенцираат дека е забрането било какво учество на полициските службеници во политичка пропаганда за било која од политичките партии, бидејќи тие треба да бидат во служба на граѓаните, а не во служба на политичките партии. Внатрешната контрола на МВР веднаш ќе реагира во било каков случај каде има индиции за злоупотреба од страна на полициски службеник.
Сите одделенија за управни работи на МВР денеска на денот на локалните избори, ќе работат и ќе издаваат лични карти на граѓаните.
МВР соопшти дека канцелариите ќе бидат отворени од 7 до 19 часот.