Во Скопје најмногу гласале во Гази Баба, најмалку во Шуто Оризари

Сподели

Државната изборна комисија излезе со податоците за одѕивот на гласачите до 17 часот, кои покажаа дека интересот на овие избори е помал од претходните. Притоа, според податоците на ДИК, на ниво на држава најголем одѕив бил регистриран во општина Вевчани, а најмал во општина Маврово Ростуше, каде што излегле само 31,17 отсто од регистрираните гласачи.

На ниво на град Скопје, според ДИК, најголем бил одѕивот во Гази Баба од 58,2 отсто, а најмал во општина Шуто Оризари од 33,83 отсто.

На ниво на државата, генерално, одѕивот до 17 часот беше 49,14 отсто, а на град Скопје 50,58 отсто.