Денес кога се избира локалната власт, граѓаните може да ги изберат оние кои за време на изборните кампањи им понудиле дека ќе им го подобрат нивниот живот и услови за живот, бидејќи реалниот живот секој пат е на локално ниво и граѓаните очекуваат тие што ќе ги изберат да им го подобрат квалитетот на животот. Очекувам и овие избори како и сите досегашни, да покажат зрелост кај граѓаните и да покажат дека како одиме во секои избори, така напредуваме и ја збогатуваме демократијата и понудата за граѓаните.
Изјави, Ѓорѓе Иванов, Локални избори 2017