Заев: Народот испрати порака, даде поддршка на политиките на Владата

Сподели

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на прославата пред Владата им ја честиташе победата на граѓаните и порача дека Македонија демонстрирала слободна волја и исклучително фер и демократски избори.

„Народот ја испрати пораката, даде поддршка на политките на Владата, за раст и развој на економијата во Македонија“, порача Заев.

Партијата победи во над 40 општини во Македонија на локалните избори, а според Заев во првиот круг партијата победила во Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Аеродром, Шуто Оризари, Зелениково, Арачиново, Куманово, Рамковце, Крива Паланка, Кратово, Кочани, во Пехчево, Делчево, Конче, во Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Струмица, Валандово, Богданци, Дојран, Гевгелија, Демир Капија, Неготино, во Лозово, во Велес, Прилеп, Битола, Ресен, во Охрид, во Дебарца, во Вевчани, Свети Николе, Крушево, Јегуновце…

Во Скопје од 685 гласачки места, аналитичкиот штаб на партијата обработил 469 места, останале 216 гласачки места. За кандидатот на СДСМ за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов гласале 75.626 избирачи, а за неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски гласале 53.861 илјада.

Според Заев, доколку остане оваа разлика меѓу кандидатите од повеќе од 20 илјади гласа, можно е СДСМ да победи уште во првиот круг. Сепак ќе се чекаат официјалните податоци на Државната изборна комисија.