Уапсени се тројца насилници од 27. април со помош на граѓаните

Сподели

Полицијата ги уапси сите тројца осомничени за учество во насилствата во Собранието на 27. април за кои побара од граѓаните да помогнат во нивната идентификација.

МВР претходно на својот веб сајт објави фотографии од три лица по кои што трага на барање на Скопското обвинителство со апел до граѓаните да пријават каква било информација во врска со нив.

Обвинителството се заблагодари на граѓаните со чија помош е утврден идентитетот на лицата чии фотографии беа објавени.