Лестер одново остана без тренер – Кратко траеше бајката на Шекспир (фото)

Сподели

Поранешниот англиски шампион Лестер сити уште еднаш остана без тренер.

Раководството на клубот му врачи отказ на менаџерот Крег Шекспир само четири месеци откако тој стана постојан менаџер на Лестер.

53-годишниот Англичанец е отпуштен откако Лестер одиграа 1:1 со Вест Бромвич Албион. Така шампионите од 2016 година останаа на 18. место во Премиер лигата со само една победа во 10 лигашки меча.

Како Лестер сити испиша нова историја во Премиер лигата!

Шекспир во јуни го замени Клаудио Раниери. Италијанскиот тренер го донесе историскиот успех на тимот, потпишувајќи тригодишен договор откако го спаси Лестер од испаѓање од Премиер лигата.

Со Шекспир тимот стигна и до 1/4 финалето на ЛШ каде загубија од Атлетико Мадрид со вкупен резултат од 2-1.

The post Лестер одново остана без тренер – Кратко траеше бајката на Шекспир (фото) appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico