ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Ова утро во Македонија преовладува претежно ведро и свежо време со утрински температури кои што ќе бидат за некој степен повисоки од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Во Македонија денес во раните утрински часови во северните, северозападните и западните предели појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и многу топло време со невообичаено високи дневни температури за овој период од годината. Ќе дува доумерен слаб ветер од променлив правец. Утринските температури од 3 до 11 степени додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 21 односно до 29 степени.

Во Скопје денес претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Ќе дува слаб североисточен ветер. Утринската температура од 9 степени додека пак максималната дневна ќе достигне до 26 степени.

Во Македонија во сабота и недела под влијание на поле на висок воздушен притисок ќе продолжи сончевото и топло време со невообичаено високи температури за овој период од годината. Утринските температури од 4 до 12 степени односно од 3 до 11 степени, додека пак максималните дневни од 21 до 29 односно од 20 до 28 степени.

Во недела во доцните попладневни и во вечерните часови зголемување на облачноста. Во понеделник и вторник под влијание на циклонска циркулација не очекува промена на временската состојба, продор на влажна и постудена воздушна маса која што ќе услови поинтензивни врнежи од дожд локално и над 20 литри и осетен пад на температурите, кои што на планините над 2000 метри ќе донесе и врнежи од снег. Ќе дува и засилен северен и северозападен ветер што ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Во понеделник минималните температури од 5 до 13 степени, а максималните од 12 до 20 степени, додека пак во вторник утринските од 2 до 10 степени, а дневните од 9 до 17 степени.

Во Скопје во сабота и недела ќе биде сончево и топло време со дневна температура која што ќе достигне до 25 односно до 24 степени. Во понеделник и вторник промена на временската состојба ќе услови нестабилно време со поинтензивни врнежи од дожд, ветровито и свежо време со пад на дневните температури кои што ќе достигнат до 16 односно до 14 степени.