МАЛТА: Награда од милион евра за информации за убиството на новинарката Дафне

Сподели

Владата на Малта понудила еден милион евра и целосна заштита на секој кој има информации кои би довеле до откривање на убијците на новинарката Дафне Каруанa Галиција.

Новинарката загина во експлозија на бомба поставена под нејзиниот автомобил, на 16 октомври, непосредно по излегувањето од нејзиниот дом. Таа соработувала со повеќе малтешки медиуми, а пред сè беше позната по блогот на која откри повеќе скандали за корупција во кои биле вклучени соработници на малтешкиот премиер Џозеф Мускат и неговата сопруга..