Според Државната изборна комисија, по 97 отсто пребројани гласачки ливчиња, актуелниот претседател на Словенија, Борут Пахор, освои 47,1 отсто од гласовите, но тоа не е доволно за победа во првиот круг и освојување на вториот петгодишен претседателски мандат, јавува Anadolu Agency (AA).
Иако проекциите покажуваа дека Борут Пахор новиот мандат би можело да го добие веќе во првиот круг, пребројаните гласови покажаа друг резултат.
По него е Марјан Шарец со 24,9 отсто освоени гласови, со што извесно е дека граѓаните на Словенија претседателот на државата ќе го изберат во вториот круг од изборите на 12 ноември.
На трето место се наоѓа Романа Томц со 13,6 отсто од гласовите на избирачите, додека Људмила Новак ја доби довербата од 7,1 отсто од гласачите.
Во Словенија денес се одржаа претседателски избори, шести од стекнувањето независност, на кои гласаа 42 отсто од гласачите од вкупно 1,7 милиони со право на глас.
Претседателот на Република Словенија е највисок политички претставник на државата, кој ја претставува земјата и командува за нејзините одбранбени сили. Актуелен претседател е Борут Пахор, а досега функцијата претседател ја извршувале Милан Кучан (два мандата), Јанез Дрновшек и Данило Тирк.0