62. Меѓународен белградски Саем на книгата: Роман „Зад аголот“ на Томислав Османли

Сподели

На 62. Меѓународен белградски Саем на книгата, на штандот од  белградското книгоиздателство “Албатрос плус“ само што се појави српскиот превод на романот „Зад аголот“ на Томислав Османли.

„Зад аголот“ за прв пат е објавен во декември 2012 година, во издание на „Магор“ од Скопје.

Со деветте книжевни текови што ги следи и преплетува, со патувањето низ времето и низ светските пространства, и со педесет и петте ликови кои авторот во него сугестивно ги анимира, тој носи оригинална и сложена романскна структура со која го сврте вниманието и на домашната книжевна критика и теорија.

“ ‘Зад аголот’ е роман за бројните човечки души во севозможни временски и просторни преселби кои, патувајќи без ред и поредок, стануваат учесници во незавршената трагикомична драма од ‘последниот чин’ на минатиот век. “

По меѓународниот успех на наградениот роман „Дваесет и првиот“ второт романескно дело на Томислав Османли сега го пробива својот пат и на тој простор. Со оглед дека спомнатиот роман за своја фокусна точка ја има првата година на новиот век и милениум, а „Зад аголот“ последнат година од претходното столетие, двата романа, и со оглед на стилот и на раскажувачкиот пристап, имаат последоватлена поврзаност. Така, романот „Зад аголот“ , на извесен начин, се доживува и како прв дел од “Дваесет и првиот”, претходната прозна книга на истиот автор. Оттука, забележува Османли во својот текст кон српското издание, негов втор наслов може да биде и – на крајот од Дваесеттиот.