Режисер: СИНИША ЕВТИМОВ
Претстава која го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата итн.
Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава, обложувањето. На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното пријателство.
УЛОГИ
Сашко Коцев – Паун
Оливер Митковски – Пикси
Александар Микиќ – Буле
Сценограф: Илина Ангеловска (мебел – Home by Almak)…
Костимограф: Ана Данчевска
Превод: Александар Микиќ
Светло – мајстор: Илија Тарчуговски
Тон – мајстор: Ненад Трпеновски
Инспициент: Никола Кимовски
Фотограф: Драган Гајиќ
Повеќе информации за претставата
http://mnt.mk/pretstavi/
Билетите ќе бидат пуштени во продажба на билетарницата во МНТ
*Цената на билетот е 300 денари.
За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304