Инспекторите на општина Карпош започнаа со контрола на правилата за градба

Сподели

Инспекторите на општина Карпош, по реакции од страна на жители на општината, почнаа со контрола и проверка на правилата за градба на сите поголеми градилишта на територија на општината.

Како што информираат од општина Карпош, станува збор за редовни контроли кои секојдневно ќе ги вршат градежните и комуналните инспектори од општината на сите поголеми градежни објекти кои што со нивната реализација создаваат проблеми во секојдневната комуникација на граѓаните, било со отежнат сообраќај по коловозите, лош пристап и движење за пешаците, или со создавање прав и шут во непосредна близина на други станбени објекти.

Целта на инспекцискиот надзор е да се констатира и увиди колку инвеститорите, односно изведувачите на градежните зафати ги почитуваат процедурите и правилата за градба и притоа внимаваат на заштитата на околината околу објектот.