Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на советничката листа за Град Скопје, Христијан Мицковски си поднесе оставка од советот на Град Скопје.
Мицковски ја потврди информацијата за ТВ 24. Неговата оставка доаѓа откако ВМРО-ДПМНЕ не ги призна изборите и обвини за изборен фалсификат.
Оставката на Мицковски е лична негова одлука. Партискиот став на ВМРО-ДПМНЕ е дека нивните функционери се единствени избрани легално и легитимно и нема зошто да се повлечат, иако партијата не ги признава изборите.