Расправата за користење на „бомбите“ во случајот против Канческа-Милевска одложена за утре

Сподели

Поради неодложни службени обврски на претседателката на Кривичниот совет, претседател на Апелациониот суд, Лилјана Ивановска Шопова денешната јавна седница на која требаше да се разгледува жалбата на СЈО за употребата на бомбите во случајот „Тендери“ е одложена за утре.

Кривичниот совет ги одби бомбите како докази во овој случј во којшто првообвинета е ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

Снимките се прифатени како докази во предметите „Насилство во Центар“ и „Триста“, додека се отфрлени во „Титаник“, „Тенк“, „Тифани“ и „Тревник“.