Зоран Заев: Двајца членови од Владата се под истрага

Сподели

Активно се бориме против корупцијата и не случајно двајца членови на Владата веќе се под истрага, изјави денеска премиерот Зоран Заев на самитот Македонија 2025.

Двајца членови на Владата се под истрага за корупција, обелодени денеска премиерот Зоран Заев кој учествува на дводневниот Самит „Македонија 2025“. Истрагата за две лица од Владата е покрената врз основа на пријави од граѓани.

Мој приоритет е во Македонија да не се повторуваат грешките од минатото, пред сè, корупцијата. Законот мора да важи еднакво за сите, зашто само така може да се овозможи доаѓање на инвестициите .Работат само два месеци и веќе се под истрага. Повеќе детали не можам да кажам“, рече Заев.

Премиерот вели дека е многу важно справувањето со корупцијата, како во регионот, така и во Македонија, во контекст на привлекување на инвестициите.