Основниот суд Скопје 1, денеска треба да ја соопшти одлуката за 37-темина обвинети за тероризам и терористичка организација на кој им се суди за терористичките напади во кумановското „Диво Насеље“.
Скопскиот кривичен суд по барање на Министерството за внатрешни работи го презакажа објавувањето на пресудата за „Диво насеље“ поради ангажираност на полицијата за време на локалните избори, откако првично судското рочиште беше закажано за 17 октомври.
На 37-темина обвинети за тероризам и терористичка организација им се суди за терористичките напади во кумановското „Диво Насеље“.
Во нападите во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година загинаа осуммина припадници на безбедносните сили, а околу 40 беа повредени.
На претходните рочишта, дел од обвинетите признаа дека биле дел од групата, други, пак, негираа дека се терористи. Одбраната тврдеше дека нема цврсти докази за делото за кое се обвинети. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, најави и меѓународна истрага за кумановските случувања. Во случајот се обвинети 37-мина за тероризам и за терористичка организација.
МВР и за денеска најави зголемени безбедносни мерки поради закажаното судско рочиште и пренасочување на сообраќајот по дел од крстосниците низ Скопје.