Креативен набој: 10. Скопје постер фестивал

Сподели

Од 14 до 25 ноември ќе се одржи десеттото издание на Скопје постер феситвал, со главни настани помеѓу 14 и 19 ноември.

Оваа година Скопје постер фестивалот ќе понуди посебно, јубилејно дизајнерско искуство. Настаните ќе се одвиваат на 5 различни локации. Главна музејска локација – Музеј на град Скопје, забавна програма – Твинс, Брик Бар, Four Restaurant. Конференциска локација и место за одржување на работилниците ќе биде Хотел Парк и Спа (позади Градскиот стадион).

Работилници за калиграфија и плакати, минимал дизајн, работилница за курирање и пишување критика за дизајн, како и изложби на 10. Скопје постер конкурс, изложба на плакати од минатогодишните победници, специјална изложба од жири членовите со афтер-забава, се само дел од содржините кои ќе бидат понудени над креативното небо на Скопје.

Отворени се повиците за учество во работилниците и дизајн конференцијата.

Учеството во сите работилници не се наплаќа, додека конференцијата од неформален-опуштен карактер ќе биде понудена на дизајнерите, креативци индивидуалци и сите уметници и љубители на дизајнот.

Ќе биде одржана и забава со бенд на 17ти ноември. Изложбите ќе можат да се погледнат до 25 ноември.

Повеќе на skopjeposter.com/10.