Пред луњата во Луксембуршкиот парк
Мојот стар пријател филозоф
За момент се враќа
Во далечните шуми на својата младост
На излет во Карпатите
Нашата млада дружина ја фаќа луња
Ни пали молњи во косите
Разбива громови низ тиловите
И нè руши наземи
Заедно со боровите
Девојките врескаат запомагаат
А ни момчињата не се држат подобро
Јас најмладиот им се дерам
Што тука ми се пренемагате
Лесно ви е вам да умрете
Сите вие веќе сте ебеле
Како јас да умрам
Париз, 1975