На плоштадите во холандскиот главен град, Амстердам, поставени се бетонски блокови во рамите на мерките против можни терористички напади, јавува Anadolu Agency (AA).
Општина Амстердам вчеравечер постави бетонски блокови на некои плоштади, како плоштадот Дам, кој е често посетуван од страна на туристите.
Општината постави 96 бетонски блокови со тежина од половина тон, кои можат да се користат и за седење.
Холандски државни железници (НД) во рамките на безбедносните мерки минатиот месец постави бетонски блокови на влезовите и излезите на Централната железничка станица на Амстердам.
Од 2004 година досега, стотици лица го загубија својот живот во терористички напади во различни европски земји.